Вести Култура

Ивана Јарчевска: Монографијата за 80 години на МНТ е спој на минатото и сегашноста

Од првата прикажана претстава „ Платон Кречет“ до последната „ Варвари“, во осумдесетгодишното постоење на Македонскиот народен театар се поставени над 420 драмски претстави, одиграни од над 630 актери, а режирале над 107 режисери. Ова го кажа Ивана Јарчевска- уредничка на монографијата „ Македонски народен театар 1945- 2025, Приказни поголеми од времето“, која што денеска беше промовирана на малата сцена во театарот. А, според актерот Ѓорѓи Јолевски, со своите 80 години МНТ не е споменик на минатото зашто годишнината обврзува со одговорност за времето што доаѓа.

  • Оваа монографија пред нас е издание кое опфаќа документаристички материјали, историја и она најважното, лични приказни од целиот овој период. Спакувано во модернистички и елегантен дизајн, потпишан од Зоран Кардула. Со самото тоа, таа е документарна и интимна, спој на минатата и сегашноста, традицијата и модерноста, нуди информации и сознанија, открива нови приказни, рече Ивана Јарчевска, уредничка на монографијата и авторка на предговорот во книгата.
  • МНТ со своите 80 години постоење не е споменик на минатото, туку отворен простор за нови погледи, нови прашања и нови вистини. И можеби во тоа е смислата на оваа годишнина, не во славењето на времето што поминало, туку во одговорноста пред времето што доаѓа, кажа Ѓорѓи Јолевски, актер-првенец на МНТ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе