Балкан Вести Македонија

Грција го потсетува Мицкоски: „Името е утврдено во Уставот“

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека го „вратил“ името Македонија на државата, грчкото Министерство за надворешни работи потсети дека уставното име на земјата е Северна Македонија и дека Преспанскиот договор е дел од Уставот.

Во реакцијата се нагласува дека договорот е апсолутно обврзувачки и за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво.

„Во меѓународните договори нема де факто ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат бараат строго придржување до договорите“, наведува грчкото МНР.

Од МНР дополнуваат дека секој обид за фалсификување или менување на содржината на Преспанскиот договор нема да биде прифатен и дека неговото почитување е основа за мирен соживот на народите и државите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе