Нѝ недостасуваат „сувите“ пристаништа во Гевгелија и на „Табановце“ за да имаме навистина конкурентност, нагласи Миле Бошков од Бизнис конфедерација во вечерашната „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Потоа Коридорот 8а од Ќафасан до Ново Село, одредени други иницијативи. Нас сега нѝ се случува, ние сме нервозни, гледајќи дека турските камиони нè заобиколуваат од Ниш преку Пирот кон Бугарија, останатите туристички патници преку слободната Шенген зона на патување преку Романија, Бугарија, во Грција влегуваат без бариери. Ние сме старомодни, денеска инспекторот за труд на една конференција кажа дека сме демоде. Самите државни службеници кажуваат дека веќе чувствуваат дека сме демоде. Ние сè уште не донесовме мерки, ги замоливме сите и претходни и сегашни, дека сме демоде и дека сме досадни и за туристите кои минуваат низ Македонија и за транспортот кој минува низ Македонија со застанување пет пати на патарините“, вели Бошков.
Тој нагласи дека во септември лани, до премиерот и советниците, испратиле сет на мерки кои треба да се реализираат во годината и, како што рече, голем дел од нив се прифатени.
С.Д.
