Возачите од приватните фирми кои добиле тендер за превоз на ученици протестираа пред општинската зграда во Гостивар, изразувајќи го својот револт поради неисплатените средства за нивната работа.
Тие велат дека не добиле надомест од општината за 7 месеци, иако според нив во целост ги исполниле сите свои обврски за превоз на учениците.
Доколку не бидат исплатени најавуваат блокирање на патишта и влез на општината.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
