Вести Македонија Најважни

ДКСК објави листа со 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници кои не пријавиле имотна состојба – меѓу нив и Ѓорѓиевски и Арсовска

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави листа со 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување на имотната состојба. Меѓу нив и екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и актуелниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Од ДКСК појаснуваат дека согласно член 82, став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно со член 82, став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

„ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба: 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси,  за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог“, се наведува во соопштението.

ДКСК најавува дека ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе