Вести Култура Македонија

„Болва в уво“повторно во Драмски за да проговори за предизвиците од секојдневниот живот на современиот човек

Постановката на комедијата „ Болва в уво“  од 1974 година, во режија на Димитрие Османли, со 333 изведби од ѕвезведената екипа во која меѓу другите настапуваа: Стево Спасов , Димче Мешковски, Мите Грозданов, Сабина Ајрула , Мајда Тушар, денес е носталгична историја. Новата генерација на Драмски театар става свој печат на текстот на Жорж Фејдо од 1907 година, кој зборува за премрежјата и предизвиците од секојдневието на човекот, вели режисерот Синиша Ефтимов.

-Станува збор за меѓучовечки односи , претпоставувам . За воопшто еден пресек на човечката цивилизација и нејзините стереотипи.Обичните премрежја и предизвици со кои се соочуваме во секојдневниот живот, тргајќи ги настрана сите негативни влијанија кои што можат да ни го расипат расположението, изјави Синиша Ефтимов- режисер на претставата.

Низ комични ситуации што динамично се менуваат, претставата зборува за обидот на Рената во изведба на Ања Митиќ да го фати сопругот Виктор Шатев во неверство, лажирајќи му љубовно писмо од непозната жена што таа ќе го напише , со помош на другарката Луси и куќната помошничка.

-Таа е доста несигурна. Има еден, како би рекла, штреберски момент во неа кој што…И затоа ја вика својата другарка , во нашата претстава-Луси, да и помогне, за да го фати. Бидејќи таа не знае како. И тоа што таа не знае и ја вика својата другарка, мене ми отвори едно сосема друго, поразлично гледање, кој може да е овој лик, вели актерката Ања Митиќ.

А, ликовите на директорот на осигурителна компанија Виктор и на неговиот брат близнак Поше, рецепционер во хотелот „ Лаки“, му се доверени на Дениз Абдула.

-Имам два лика што треба да се играат паралелно. Промените на костими позади сцената, трчањето… Тоа ми беше предизвик од самиот старт и знаев дека ќе биде доста тешко. Но,ете некако успеавме за доста кратко време да дојдеме до резултатот, изјави актерот Дениз Абдула.

Периодот на Belle еpoque во кој Фејдо го сместува дејствието, овдека е транспониран во 80-те години на минатиот век, со фиксниот телефон како средство за комуникација, согласно побарувањата на текстот, во кој пораката од љубовното писмо патува побавно, создавајќи хаос наоколу . За ваквото визуелно обликување беа ангажирани Раде Василев како костимограф и Мартин Манев како сценограф.

Новата постановка на „ Болва в уво“ со младешката енергија и прикажана креативност, гарантира хит со долг век на репертоарот на Драмски, како и првата постановка.

Сотир Трајков

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе