Балкан Вести

Дојава за бомба на меѓународниот аеродром во Сараево

Утринската дојава за поставена бомба во зградата на Меѓународниот аеродром во Сараево се покажа како лажна, по спроведената контрадиверзантска проверка од страна на безбедносните служби на Босна и Херцеговина.

По примањето на дојавата, зградата на аеродромот беше привремено блокирана, а патниците и вработените беа евакуирани како превентивна мерка. Припадници на Граничната полиција на БиХ и специјализирани служби извршија детална проверка на објектот, при што не беа пронајдени никакви опасни предмети.

Од Меѓународниот аеродром Сараево (Međunarodni aerodrom Sarajevo) за босанските медиуми потврдија дека безбедносната процедура е завршена и дека авионскиот сообраќај е постепено нормализиран, без подолги доцнења на летовите.

-По извршената контрадиверзантска инспекција, утврдено е дека дојавата била лажна. Аеродромот продолжи со работа согласно безбедносните протоколи“, пренесуваат федералните медиуми во БиХ, повикувајќи се на официјални извори.

Надлежните институции работат на утврдување на потеклото на лажната дојава, а случајот се третира согласно законските процедури за загрозување на јавната безбедност и лажно пријавување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Либан пријави израелски напади и покрај прекинот на огнот

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе