Вести Македонија Топ вести

ВМРО ДПМНЕ со контра-резолуција за мигрантите

Резолуција за мигрантите сепак ќе има, но не таа што ја бара опозицијата. Владејачката ВМРО ДПМНЕ најави дека уште утре во Собранието ќе поднесат „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.Составена  е од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање на мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони.

Оваа, според Мицевски,  воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и ќе стапи на сила веднаш по нејзиното изгласување.Ги поканија сите парламентарни партии заедно да ја поддржат.

Од СДСМ, пак, реагираа на одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат нивната Резолуција.

Минатата недела од СДСМ побараа да се потпише резолуција со која ќе се гарантира дека Македонија нема да прима мигранти кои се одбиени за азил од Велика Британија.

Темата за мигрантите стана предмет на политички препукувања уште со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство. Владата неколкупати демантираше, но за опозиицјата  овие негирања не се доволна гаранција.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе