Вести Македонија Топ вести

Шестмина малолетници тепале двајца соученици пред школо во Сарај- обвинителството соопшти дека жртвите имаат повреди на главата и скршен нос, а биле и клоцани со нозе во глава

Шест ученици на возраст меѓу 13 и 15 години биле напаѓачите кои брутално претепаа двајца свои врсници во училишен двор во школото Дитуриа во Сарај, објави јавното обвинителство кое отвори истрага за насилство.

Нападнатите имаат повреди на главата биле удирани со тупаници и клоци по главата и телото.

-Едното оштетено дете се здобило со површинска рана на главата, додека на другото дете му нанеле тешки телесни повреди – контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело, соопшти обвинителството.

Петмина насилници ќе бидат кривично гонети како деца додека 6-тиот напаѓач нема да одговара бидејќи е помлад од 14 години.

Видео снимката пд бруталниот напад ја вознемири јавноста, а обвинителството и полицијата отворија истрага по пријавувањето на инцидентот во училиште.

Во продолжение соопштението на обвинителството и видеото од нападот:

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно 5 деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Сите петмина, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници.

Настанот се случил на 12 декември во дворот на О.У. “Дитурије” во Сарај. Двете деца – жртви на насилството тргнале да си одат дома кога на излезот од училишниот двор ги пресретнале напаѓачите. Започнале да ги удираат со тупаници и клоци по главата и телото. Едното оштетено дете се здобило со површинска рана на главата, додека на другото дете му нанеле тешки телесни повреди – контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело.

Со насилството сторителите предизвикале чувство на несигурност и страв и кај други деца кои во тој момент излегувале од училиштето.

Имајќи ја предвид возраста на децата во судир со законот, но и потребата да се обезбеди непречено водење на постапката, јавниот обвинител на судијата му предложи да определи мерки на претпазливост – јавување во суд, одземање на патната исправа и забрана за приближување и остварување какви било контакти со оштетените деца.

(Вознемирувачкo видео) Групна тепачка меѓу ученици во училиште во Сарај

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе