Балкан Вести Свет

Нови големи антивладини протести во Бугарија- се бара оставка на кабинетот на Жељазков

На Плоштадот на независноста во Софија беше одржан централниот протест со главно барање за оставка на владиниот кабинет на премиерот Росен Жељазков. На познатиот Триаголник на властите (каде се лоцирани централните бугарски институции) се собраа илјадници луѓе на протестите едноставно наречени „Протести“.

Мирни собири на граѓаните имаше во 25 бугарски градови, како и на повеќе локации во странство, известуваат бугарските медиуми.

Протестите почнаа како незадоволство од владиниот предлог за државниот буџет за 2026-та поради големите промени во даноната политика. Иако владата го повлече буџетот, незадоволството не изгасна и прерасна во „Бунт против власта“ како што ја наслови отворената програма за протестите, телевизијата БТВ.

Учесниците на протестот бараат оставка на владата на Росен Жељазков бидејќи сметаат дека овој кабинет всушност го водат долгогодишниот екс премиер Бојко Борисов и контроверзниот бизнисмен Дељан Пеевски.

Од први јануари, Бугарија влегува во евро-зоната и буџетот кој ги извади Бугарите на улични протести требаше да биде прв буџет изготвен и испланиран во единствената европска валута.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе