Обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас, им нареди на обвинителите низ целата земја, со поддршка од полицијата, да интервенираат во случаи каде земјоделските блокади создаваат опасност и предизвикуваат кривични дела што се гонат по службена должност.
Наредбата следува по зголеменото присуство на блокади кои го попречуваат движењето на возила на јавни и национални патишта.
Ѕавелас укажува дека поставувањето барикади и други опасни активности довеле до сериозно нарушување на сообраќајната безбедност, а како посебен пример се наведува и затворањето на два аеродроми на Крит од страна на земјоделците.
Во документот се потсетува дека непреченото функционирање на транспортната инфраструктура е општествено добро, а делата поврзани со попречување на транспортот се гонат по службена должност, што дополнително ја засилува обврската за навремено реагирање.
