Вести Македонија Топ вести

(ДОКУМЕНТ) Одговорност за надлежните функционери за трагедијата во Кочани, законски измени и утврдување повреда на основното човеково право на живот- барањата до Собранието од  родителите на загинатите во Пулс

Родителите во својата претствака наведуваат нивната иницијатива е исклучиво борба за правда и барање институционална одговорност за да не се повторат вакви трагедии, а не е политичка, Во претставката, родителите на загинатите повеќе пати наведуваат дека корупцијата и коруптивното однесување се една од главните причини за системските пропусти кои доведоа до трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе, а над 210 се повредени, од кои десетици имаат тешки и доживотни пресуди.

Во нивното обраќање до Комисијата тие нагласуваат дека бараат само она што им го гарантираат Уставот и законите, почитување на човековиот живот, правото на безбедност и правична постапка. Здружението очекува Комисијата да поведе постапка за утврдување на можните повреди на човековите права, да повика на сослушување претставници на сите релевантни институции и да отвори темелна парламентарна истрага за евентуални пропусти, прикривања и коруптивни влијанија.

Родителите бараат и итни измени на законите што го регулираат работењето на угостителските објекти, со зајакнати безбедносни стандарди и построга контрола врз инспекциските служби.

Во своите барања, потпишаните родители бараат и доколку комисијата утврди дека „имало масовна повреда на човековите права во трагедијата во Кочани, да поведе постапка за утврдување на одговорноста кај носителите на јавни функции“.

На претставката на здружението „16-ти март“ се потпишани 59-мина блиски на загинатите, има потписи на мајки, татковци, браќа и сестри и други роднини. Претставката е на наредниот линк и на фотографијата.

Во Собранието почна Постојаната анкетна комисија за трагедијата во кочански Пулс- присутни родителите на загинатите, претседателката, спикерот и премиерот
Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ побара изземање на Апасиев од водење на комисијата за Пулс поради пристрасност, ги повика родителите на загинатите да ги видат неговите изјави за обвинението за трагедијата- Апасиев го отфрли барањето

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе