За разлика на претходните европски комисии, сегашната има вистинска политичка волја за проширување на Европската Унија, изјави во Загреб хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ додавајќи дека е можна некаква одлука до 2030 година ако некои кандидати се технички подготвени.
-За разлика од Комисијата на Јункер или првиот мандат на Урсула фон дер Лајен, кога не чувствував искрена политичка волја во центарот на политиката во Брисел за постигнување проширување за која било земја кандидат, овој пат морам да признам дека атмосферата е малку поинаква, рече Пленковиќ на Вториот годишен самит на Хрватска.
-Можеби е време некој друг да ѝ се приклучи по Хрватска, овој пат можеме да ја почувствуваме политичката волја во извршната власт на ЕУ, дури и кај повеќето земји членки, дури и кај големите, дека можеби е време некој друг да ѝ се приклучи по Хрватска, која што влезе на 1 јули 2013 година“, додаде Пленковиќ.
Хрватскиот премиер потсети дека постојат две групи земји кандидатки: Украина и Молдавија во едната група, а земјите од Југоисточна Европа и Западен Балкан во другата група, и ја посочи Црна Гора како лидер. „Мислам дека би можеле, ако успеат да бидат технички подготвени, да имаме политичка одлука за некои пред 2030 година“, рече Пленковиќ.
