Бугарија се соочува со најголема политичка криза во последните две години. Масовни протести низ Софија и десетици други градови. Граѓаните ја изразија јавната фрустрација поради контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, барајќи оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и предвремени избори.
Како директен резултат, парламентот со убедливо мнозинство го повлече предлогот за државен буџет, здравствено и социјално осигурување за 2026 година. Премиерот Жељазков го призна повлекувањето, но истакна дека нема да се повлече од функцијата.
Протестите, спонтано организирани преку социјални мрежи, прераснаа во судири со полицијата во Софија и други градови, со индиции за платено насилство. Политичките тензии продолжуваат да се зголемуваат. Претседателот Румен Радев повика на оставка и предвремени избори, додека коалицијата ПП-ДБ ќе поднесе гласање на недоверба.
Следните чекори вклучуваат подготовка на нов буџет пред влезот на Бугарија во еврозоната на први јануари 2026, можни предвремени избори и потенцијален референдум за еврото, доколку кризата продолжи.
Т.Д.
