Вести Македонија

Сите 34-ца не признаа вина, Газдата Деко низ солзи тврди сторил се што можел, син му бил само гостин без овластувања, а адвокатите вина и пропуст посочија во системот

Судењето за кабарето Пулс продолжи, а започна со исказите на сите обвинети дека не се чувствуваат виновни. Во воведните зборови, низ солзи прво обвинетиот Дејан Јованов – Деко се извини, кажа дека ќе докаже дека правел се што може, а да знаел за опасноста ќе ја отстранил навреме.

Неговата бранителка, порача дека тој е треба да одговора за небрежност, а целата вина е кај музичката група, и инспекциите, но не и кај Деко.

Откако јавноста по 9 месеци зад решетки му го слушна гласот, денеска и ставот.. Прв од редот обвинети порача дека не се чувствува виновен. Дејан Јованов- Деко тврди разбира за што се гони, но токму за тоа не е виновен.

Може да биде виновен, но за небрежност порача неговата бранителка за својот клиент во кого не гледа монструм туку исто така жртва на нефункционален систем.

Според, Коцевска највиновни се музичката група ДНК и инспекциите кои никогаш не му се обратиле на Јованов Како газда Деко така и останатите редум обвинети избраа да не признаат вина и да се бранат, дел искажаа сочувства, дел пролеа солзи за блиски настрадани во пожарот, но како продолжуваа воведните зборови, се повеќе обвинетите и адвокатите го напаѓаа обвинението зад кое стојат 15 обвинители.

Косопственик на кабарето и второобвинет, се придружуваше до адвокатот кој трулиот систем го нарече „лепрозна баба“ која со осуда на овие луѓе треба да стане самовила. Адвокатката на помладиот Јованов и третообивент е зачудена од обвинителите за што го гонат кога тој бил само гостин во клубот.

Тој , пак, сака да се брани, но вели тешко му е да седи во обвинителна клупа. Адвокатката на сопственикот на земјиштето Гроздан Милковски се осврна на договорот помеѓу Јованов и Сопственикот во кој се наведува дека Јованов можел да ја избира дејноста што ќе ја работи и да преуредува на свој трошок ако тоа е потребно.

Секој со својата одбрана до првичен заклучок од досега изнесените воведни зборови, вклучувајќи ги и оние на братот на Јованов дека ниту се поврзале ниту имале намера обвинетите да се случи овој грозоморен настан, и дека обвинителството ги нафрлало во конфузно обвинение.

Павле Беловски

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе