Вести Македонија Најважни

За само 12 часа од пробното функционирање на Сејф сити се регистрирани неверојатни 65 илјади прекршоци

Камерите на Сејф сити почнаа да снимаат за среќа на возачите кои ги прекршуваат законите првично со опомени. Камерите го снимаат прекршокот, а системот го пишува во записник кој по електронска пошта веднаш се испраќа на адреса и преку СМС на сопственикот на возилото кое направило прекршок.

Според информациите на Телма, во текот на вчерашниот ден се пуштале опомени како проверка дали функционира системот- а од полноќ во тек е едномесечниот пробен период. Во првите 20 минути од пробната употреба- биле регистрирани околу 2 илјади прекршоци со Сејф сити, ни рекоа припадници на МВР кои имале увид во првичните податоци. При посетата на просторот каде се наоѓа центарот за операции со системот Безбеден град, бројките се зголемија, соопштија од кабинетот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло-2800 и нерегистриран автомобил -1000. Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата“, информираат од МВР.

Еден возач ни се пожали дека системот му пишал казна за поминување на црвено иако бил меѓу првите автомобили на семафор на Партизанска. Од друг добивме информација дека му е пишана казна затоа што на место каде што е дозволено 50 км/ч поминал со 54. Од МВР утрово соопштија дека прво ќе се опоменуваат и казнуваат неколку прекршоци особено пречекорување на брзината.

„Во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Казните ќе се пишуваат на сопствениците на возилото, а доколку друг возач го направил прекршокот, тоа треба да се пријави во рок од 8 дена. Односно сопстгвеникот треба да го донесе возачот кој го сторил прекршокот во надлежната полициска единица.

Таму прекршителот треба да даде изјава дека ја презема и признава казната за прекршокот, а истото може да го направи и со потпишана нотарска изјава, стои во правните поуки на еден записник опомена во која имавме увид. За целосно функционирање на системот треба Собранието да ја доврши и измената на Законот за прекршоци кој е во парламентарна процедура. Сејф сити има за цел да го намали бројот на жртви во сообраќајот и сообраќајни прекршоци.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе