Вести Македонија Најважни

СДСМ: Новоформирана фирма со двајца вработени добила тендери со владини и државни институции вредни девет милиони евра во период од шест месеци

СДСМ денеска на прес конференција обвини дека новоформирана фирма со двајца вработени добила тендери со владини и државни институции вредни девет милиони евра и тоа сите во периодот од мај-ноември годинава.

Од опозициската партија обвинија дека станува збор за фирма без историја, без искуство, без портфолио, која била регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема.

На денешната прес-конференција, генераниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ обвини дека милионски тендери се доделуваат на фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата ’Дигитал оне’, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. Или по 1,5 милиони евра месечно. Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени“, кажа Димитријевиќ.

Според него, од шесте државни тендери, четири биле склучени со Генералниот секретаријат на Владата.

„И тоа не било какви тендери туку милионски договори. Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра? Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски,“ подвлече Димитријевиќ.

Од СДСМ ги повикаа Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК да реагираат и да отворат истрага.

„Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите. Мицкоски е само негов ученик и извршител. Предупредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш за сите. Крадењето мора да престане веднаш“, кажа генералниот секретар на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе