Вести Македонија Најважни

СДСМ: „Фирма блиска до ВМРО – ДПМНЕ добила тендери вредни 9 милиони евра“

Девет милиони евра од тендери за фирма основана пред една година со двајца вработени. СДСМ ја обвинува владејачката ВМРО – ДПМНЕ дека преку фирмата „Дигитал оне“ испумпува пари од Буџетот од Владата демантираат и тврдат дека се е според законот.

Според опозициската СДСМ, Генералниот секретаријат на Владата е најчест клиент на оваа фирма и најавуваат дека ќе продолжат да објавуваат сомнителни и коруптивни информации и аспекти поврзани со оваа фирма.

„ Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно. Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски“ – вели Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДСМ.

Според официјално достапните податоци фирмата со седиште во скопски Аеродром е основана кон крајот на август минатата година со минимален основачки влог од пет илјади евра а како сопственик и одговорно лице се јавува Арсовски.

Во периодот од 14 мај до 20 ноември ги склучува шесте тендери вредни над половина милијарда денари.

„ Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра? Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?  Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да реагираат, да отворат истрага“ – рече Димитријевиќ.

Од Владата за Телма соопштија дека договорот на Генералниот секретаријат за виртуелна платформа е тековна централизирана набавка за која имало договор која истекува наредниот месец и дека овој тендер бил спроведен исто како и претходниот пред три години со разлика дека сега фирмата имала повеќе

Во однос на другите два договори за набавка на сервери и компјутери би сакале да ве известиме дека се склучени по принципот на економичност и совесно работење , наместо Владата да плаќа за хост на приватни правни лица, сега за прв пат поседува сервери на кои самостојно ги хостира владините апликации. Третиот споменат договор исто така е склучен во транспарентна постапка за набавка на компјутери за тековно и нормално работење на владата, станува збор за 150 компјутери набавени по најниска понудена цена– тврдат од владата.

СДСМ соопшти дека ќе соопшти уште детали за овој случај во рамките на најавеното објавување на серија коруптивни скандали на актуелната Влада и премиерот Христијан Мицкоски.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе