Вести Најважни Свет

ОН: Израел применува „де факто“ државна политика на организирана тортура

Комисијата за тортура на Обединетите нации соопшти дека постојат докази дека Израел користи „де факто“ државна политика на организирана и широко распространета тортура.

Комисијата редовно ги анализира извештаите за сите земји кои ја имаат потпишано конвенцијата против тортура, повикувајќи се на сведоштва на владите на тие земји, но и групите за човекови права во нив.

Во текот на анализата на Израел, било утврдено дека Палестинските, но и Израелските групи за човекови права пренеле детални сведоштва за ужасните  условите во израелските центри за притвор на Палестинците.

Според информациите, повеќе илјади Палестинци биле притворени од Израел по нападите на Хамас од 7-ми октомври, 2023-тата година.

Израелските закони за административен притвор и за безбедност, осомничените лица кои не може да бидат класифицирани како воени заробеници, може да бидат држени во притвор долг временски период без право на адвокат и контакт со членови на нивните семејства.

Комисијата на ОН особено критично ја коментира Израелската одлука да притвори големи групи Палестинци, вклучувајќи деца, бремени жени и возрасни лица.

Но, условите во кои биле чувани тие во притвор, се најужасниот дел од заклучоците на комисијата.

На Палестинците, според бројни докази, не им се дава редовно храна и вода. Тие се предмет на брутално тепање, напади со кучиња, против нив се употребува струја, ткн water boarding (измачување кое го користела ЦИА во Гвантанамо БеЈ) и сексуално злоставување.

Некои од притворените лица биле постојано чувани во ланци, не им се дозволувало да користат тоалет и биле присилувани да носат пелени.

Комисијата недвосмислено заклучува дека ваквиот третман може да се сведе на „воени злосторства и злосторства против човештвото“. Се подвлекува дека доказите за постоење на „де факто политика на организирана и широко распространета тортура“ од Израел е еден од актите кои според меѓународното право се акти на геноцид.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе