Илјадници авиони од моделот А320 на „Ербас“ се приземјени ширум светот, откако производителот утврди дека интензивната сончева радијација може да го наруши работењето на софтверот на компјутерите во леталата за контрола на летот.
Заради ово проблем веќе се откажани голем број летови на глобално ниво.
Според информациите, зафатени се околу 6.000 авиони – половина од целата светска флота на „Ербас“.
Освен најпродаваниот модел А320, ваков проблем има и кај моделите А318, А319 и А321.
Од компанијата соопштија дека околу 5.100 авиони ќе можат да се вратат во сообраќај по брза софтверска надградба што трае приближно три часа.
Но кај околу 900 постари авиони ќе мора да се направи физичка замена на вградените компјутери, и тие нема да смеат да превезуваат патници додека ова не се заврши. Времето за поправките ќе зависи од достапноста на резервните делови.
Од „Ербас“ признаваат дека ситуацијата ќе предизвика „оперативни нарушувања за патниците и партнерите“ и се извинија за последиците.
Во САД, проблемот се појави за време на викендот за Денот на благодарноста, еден од најпрометните периоди во годината. „Американ ерлајнс“ соопшти дека се засегнати 340 авиони и најави „одредени доцнења“, но повеќето надградби ќе бидат завршени до сабота.
Н.И
