Вести Македонија Најважни

Дилема околу зголемувањето на пензиите: пензионерите не се откажуваат и покрај правните тензии

Пензионерите најавуваат протести пред Уставен среде дилемите – што ќе биде со линеарното зголемување на пензиите, откако судот одлучи по сопствена иницијатива да преиспитува дали зголемувањето од вкупно две илјади денари е во согласност со Уставот.

Пензионерите во септември на картичка добија илјадарка плус, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари – пари од кои нема да се откажат, велат тие на денешниот собир во Штип.

Претходно, на пензионерите линеарно им беа зголемени пензиите во два наврати за вкупно пет илјади денари, но ова веќе е застарен предмет.

„Што да правиме со оние пензионери коишто имаат мали пензии и кои во идно време нема да можат лековите и лебот да си ги купат?! На овој начин, оваа одлука од Уставниот суд мислам дека не е во ред, гледаме дека и власта е на размислување да реагира – ајде да најдеме начин сите пензионери да бидат задоволни и во идно време тој предлог ќе го дадеме“, вели Зоран Трајков, пензионер.

Лидерот на опозициската СДСМ денеска со остри пораки до власта и до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Филипче тврди дека сѐ е резултат на лошите политики на Владата, дека тие поднеле противуставен закон, дека има дупка од една милијарда евра во ПИОМ, а пензионерите се во ризик.

„Поради своите манипулативни и кампањски ветувања и мерки, тие го донесоа пензискиот систем до работ на одржливост. Такво политичко лицемерие досега не сме сретнале и не сме виделе. И тоа е обидот на премиерот, таа криза којашто самиот ја создаде и измамата којашто ја направи кон пензионерите – сега да ја припише на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Вчера од Фондот за пензиско осигурување кажаа дека исплатата на пензиите не е загрозена и дека тие ќе пристигаат секој први во месецот.

А, денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ со експресен одговор до Филипче – велат дека власта на СДСМ во минатото покажала вистинска негрижа за пензионерите.

„Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше или што уште не. СДС е само олицетворение за понижување, партија која никому не даваше повисоки примања, партија која шири лаги и дезинформации, партија на која апсолутно не ѝ е грижа за никому и за ништо во државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што Собранието ги изгласа на крајот на јули веќе се преточија во повисоки пензии – првото линеарно зголемување пристигна со исплатата на први септември, а второто треба да биде догодина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе