Балкан Вести Свет

Најмалку десет загинати и 20 повредени во пожар во пензионерски дом во Тузла

Најмалку десет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар кој синоќа избувна во дом за стари лица во Тузла, Босна и Херцеговина. Според информациите на локалните медиуми, бројот на жртви може да порасне, бидејќи дел од повредените се во критична состојба. Пожарот бил локализиран околу 22 часот, но зградата е сериозно оштетена, а пожарникарите и во текот на ноќта ја следеле состојбата. Од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдија дека сите расположливи екипи биле испратени на терен. Во моментот на избивањето на пожарот во домот имало повеќе од дваесетина станари и вработени, од кои најголем дел се евакуирани. Очевидци сведочат дека пламенот се проширил многу брзо, а дел од штитениците не успеале да излезат навреме. Лекарите на Универзитетскиот клинички центар во Тузла згрижиле најмалку пет повредени, најголем дел од нив поради труење од јаглерод моноксид. Полицијата спроведува истрага за причините на пожарот, а според неофицијални извори можно е огнот да избувнал поради електричен спој или неисправен уред за греење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе