На избирачките места во 32 општини и 6 општини (каде се гласа за градоначалник на Скопје) до 18:30 излегле да гласаат 40,45% од вкупниот број запишани избирачи.
Во општините каде се гласа за градоначалник (без оние 6 општини каде се гласа само за град Скопје) излезноста е поголема од државниот просек односно изнесува 45,71% од запишаните.
За град Скопје пак е помала излезноста и изнесува 33,82% од запишаните избирачи. Помалиот одзив во главниот град се должи на минамалната излезност на гласачите во општините каде е избран општински градоначалник во првиот круг, а најмала излезност има во Сарај (11,45%) и Чаир (13,71%).
Најголема излезност до 18:30 е регистрирана во Росоман (77,51%), Лозово (75,6%), Дојран (72,78%) и Демир Капија (72,64%). Во Куманово излезноста е 33,43%, во Кичево е 51,34%. Од скопските општини, најголем одзив до 18:30 има во Карпош (48,09%) па потоа следуваат Центар и Аеродром.
