Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија. После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти?, прашуваат од СДСМ.

Велат дека во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода. Не Орце со дрон да ја испитува водата од воздух. Не Тошковски, кој наместо да си ја работи својата работа, се занимава со хиперхлорирање на водата во Гостивар.

Според опозицијата ова е сега уште едно признание или само барање нов алиби? Мицкоски едно прашањето од граганите: кој од вас ќе одговара за труењето на цела Македонија?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Грна Гора жените со болни менструални циклуси имаат право на два дена платено месечно отсуство

Дејан Дејан

Мицкоски: Во услови на булинг, нема уставни измени – потребно е најде решение коешто ќе биде одржливо

Дејан Дејан

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе