Вести Свет Топ вести

Во Грна Гора жените со болни менструални циклуси имаат право на два дена платено месечно отсуство

Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно.

Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други гинеколошки заболувања.

  • Независната пратеничка Јевросима Пејовиќ иницијативата за измени на законот ја поднесе во март оваа година, во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Предлог-законот претходно едногласно беше поддржан на седниците на Комисијата за здравство, труд и социјална политика и Законодавната комисија.

Во образложението на законот се наведува дека целта на измените е адекватно регулирање на дијагностицираните патолошки состојби на секундарна дисменореа, отстранување на стигмата и предрасудите на работното место и воспоставување рамнотежа меѓу зачувувањето на здравјето и професионалните обврски на жените. Како што се истакнува, на жените со секундарна дисменореа им се признава правото на посебна состојба на привремена спреченост за работа.

Секундарната дисменореа подразбира болни менструални тегоби предизвикани од претходно дијагностицирани гинеколошки заболувања, како што се ендометриоза, миоми, воспаление на јајниците, ендометријални полипи и синдром на полицистични јајници, како и состојби кои можат да бидат проследени со болни полови односи, отежнато мокрење, неплодност или обилно менструално крвавење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Во услови на булинг, нема уставни измени – потребно е најде решение коешто ќе биде одржливо

Дејан Дејан

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе