Водата во скопското населено место Булачани не смее да се користи за пиење, информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“. Според официјалното известување, земениот примерок отстапува од критериумите за безбедност и квалитет на вода за пиење, а се претпоставува дека причината се обилните поројни дождови, велат од СДСМ.
Според партијата ова е најновиот случај со проблеми со квалитетот на водата, по пријавените ситуации во Гостивар, Крушево и Маврово, како и по појавата на бела пена во реките Лепенец и Вардар.
Очекуваат надлежните да дадат дополнителни резултати од анализите, додека забраната за користење на водата во Булачани останува во сила.
Од СДСМ побараа итно спроведување анализи на водата во целата држава и утврдување на одговорност доколку се констатираат пропусти.
Партијата обвини дека граѓаните се соочуваат со сериозни ризици, додека институциите мора да дадат одговори за состојбата со водоснабдувањето.
