Вести Локални избори 2025 Македонија

Од полноќ започнува изборната кампања за Локалните избори 2025

Од полноќ официјално започнува 20-дневната изборна кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, со евентуален втор круг за градоначалници на 2 ноември. Овие избори се осми по ред од независноста на Македонија и четврти на кои граѓаните ќе гласаат директно за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Гласањето ќе се одвива на 3.480 избирачки места низ целата држава. Во 132 од нив има помалку од 10 гласачи, па гласањето за тие лица ќе биде префрлено на најблиските избирачки места. Буџетот за одржување на изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање, додека остатокот покрива трошоци за надоместоци на избирачките одбори, транспорт и логистика.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се состои од 10 општини со поделени надлежности.

Претходните локални избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бурнам ја потврди британската поддршка за Украина на средба со Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Двајцата преживеани ги идентификуваа телата на петте загинати планинари – наскоро ќе бидат транспортирани од Русија во БиХ

Дејан Дејан

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе