Вести Најважни Свет

Светските лидери се собираат во Њујорк за дебата на Генералното собрание на ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот говор денеска ќе ја отвори 80-тата сесија на годишната Генерална дебата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, јавува ДПА.

На првиот ден од дебатата ќе говорат и бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон.

Дебатата треба да започне во 9 часот по локално време (13 часот по Гринич), пренесува германската агенција.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателката на Генералното собрание, Аналена Баербок, исто така, се планирани да зборуваат денеска.

За денеска е закажана и седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се дебатира за војната во Украина, на која се очекува да присуствува украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во текот на следната една недела на Генералното собрание на ОН е планирано да говорат околу 150 шефови на држави и влади, а фокусот на дебатат годинава е на конфликтот на Блискиот Исток, војната во Украина и несигурните финансии на ОН, заедно со променливата геополитичка улога на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе