Вести Македонија Најважни

Почина 7-годишното девојче во тетовската болница – семејството се сомнева во медицинска небрежност, но не дозволува обдукција

Во саботата е примено на болничко лекување, а во неделата почина седумгодишно девојче од тетовски Челопек. Семејството преку социјалните мрежи изрази револт и сомнеж за медицинска небрежност. Се бара здравствените и правосудните органи да го испитаат секој аспект од случајот.

Од болницата велат дека девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот со мускулни болки низ цело тело и во дехидрирана состојба по што е почната рехидратација. Се појавила потреба од интервенција на друго одделение, на Оториноларингологија

„Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“, изјави Ерзен Елези, директор на КБ Тетово.

Директорот соопшти дека побарале да се направи судско-медицинска обдукција, но според него семејството одбило. Од болницата велат дека се подготвени за соработка со надлежните институции за секое дополнително појаснување поврзано со овој случај.

Покрај болничката комисија која е формирана за да открие што се случило, и Министерството за здравство ќе го испитува предметот, најави министерот Азир Алиу.

„Исто така и ние формиравме наша комисија која ќе оди на терен и ќе ги испитува сите процеси. Дозволете вакви случаи да ги анализираме и потоа да излеземе во јавност“, рече министерот за здравство, Азир Алиу. 

Од Обвинителството информираа дека тетовски јавен обвинител веднаш по настанот бил известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврдил причината за инцидентот, обвинителот вчера издал усна, а утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе