Вести Македонија Најважни

По пожарот во Трубарево – утре резултати дали воздухот е безбеден – на ред е испитување на почвата

Утре ќе бидат објавени резултатите од мерењата за загадувањето на воздухот во скопско Трубарево, кои ги прават научниците од лабораторијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Станува збор за анализи од две мерни станици поставени на растојание од педесет и сто метри од местото каде што во саботата изгоре депонија за електронски отпад и пластика. Испитани се 32 елементи, меѓу кои никел, кадмиум, арсен, олово и жива. Во следната фаза, според најавите, ќе се испита и почвата околу изгореното складиште.

„Чекаме да се создадат услови за да се испита почвата“, изјави Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање.

А, додека Oбвинителството истражува кој, како и зошто е одговорен за пожарот во кој гореше опасен и токсичен електронски отпад, но и неконтролирани пожари на депониите на отворено во Вардариште и Дрисла, Владата освен објавената војна со хибридните напади, се закани и со по рестриктивни казни. Министерот за животна средина Изет Меџити изјави дека целосно го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски подметнувачите на пожари да се третираат како терористи, а оние кои отпадот го оставаат на непредвидени места да бидат казнети со најмалку пет години затвор.

„Дефинитивно треба да има поголеми казни. Бидејќи станува збор за човечки животи, природа, итн. Така што, не може за некој мал дел неодговорни луѓе да страда цела држава“, додаде Меџити.

Првичните резултати на Министерството за животна средина од мерењата по пожарот во Трубарево покажаа зголемени концентрации на ПМ₁₀ честички, олово, кадмиум и арсен, над дозволените граници. Регистрирани се високи вредности на загадувачки материи, но според надлежните, состојбата на воздухот веќе е стабилизирана и се движи во рамките на дозволеното. Утрешните резултати ќе покажат дали воздухот е безбеден и што навистина дишат граѓаните по пожарот. А, додека Обвинителството и Министерството за животна средина се справуваат со одговорноста и заштитата на животна средина, здравство испраќа пулмолози да го проверат здравјето на оние жители кои не ги напуштија своите домови.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе