Вести Македонија Најважни

Уапсени сопственици на фирми, раководител на „Македонски шуми“, началник на полиција, неколку шумски полицајци- се разбива организирана криминална група поврзана со нелегална сеча на шуми

Десетици припадници на ЈП „Македонски шуми“, полициски службеници, шумски полицајци, сопственици на приватни компании за преработка на дрвна маса, како и од регионлните подржници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се приведени во големата полициска акција, која од вчера попладне се спроведува на територија на општините Берово, Пехчево и Делчево. Заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов за Телма потврдува дека акцијата се уште е во тек, но не изнесувајќи детали, за да не се попречи истрагата.

Инаку, полициската акција е насочена кон разбивање на криминална група која со години организирано вршела дива сеча на дрва. Од вчера се изведуваат претреси во Берово, Пехчево и Делчево и обезбедени се голем број на материјални докази

Според информациите на Телма оваа криминална група, со години наназад вршела дива сеча на дрва во шумите во малешевскиот крај, дрвата потоа биле заведени како легално исечени и транспортирани во повеќе фирми и продавани.

Станува збор за илјадници кубици нелегално исечено дрво.

Неофицијално има и индиции дека дел од оваа група е поврзана и со палење на шумите,  во овој регион. Лани гореше шума во Пехчево, а годинава во Беровско. Населението во овој регион гласно говореше дека корист од палењето на шумите во Малешевијата имаат бизнисите со пелети.

Официјалните податоци на институциите се дека на диво се сечат од 25.000 до 30.000 кубни метри дрва на годишно ниво. Меѓутоа, неформалните податоци на ФАО покажуваат  дека околу 500.000 метри кубни на годишно ниво имаме нелегално дрво на пазарот. Тоа се дрва наредени во должина од 500 километри, а со висина од еден метар, кои завршуваат на црниот пазар. Профит имаат само организаторите, но не и државата. Надлежните институции најавија повеќе информации по завршува на акцијата.

Викторија Јованова Димитровска

Полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе