Шест месеци од најголемата национална трагедија во Македонија – пожарот во дискотеката „Пулс“ кој зеде 62 млади животи, а повеќе од 200 беа повредени – во Кочани денеска се одржува Марш за ангелите.
Обвинителството го напиша обвинителниот акт, но сè уште не е одобрен од Кривичниот суд. Родителите на загинатите и повредените деца бараат правда. Во знак на сеќавање низ повеќе градови во државата денеска се организираат собири.
Викторија Јованова се од Кочани се јави за Вестите на Телма во 15.30 часот.
