Ноќеска гореше авто сервис во населбата Каменик, близу скопската населба Пинтија.
На снимките од безбедносните камери се гледа маж којшто скока преку оградата истура бензин и потоа бега.

Пределот е густо населен, има далновод има во близина и избегната е поголема трагедија по брзата интервенција на против пожарните екипи.
Пожарот се разгорел околу 4 часот утрово, а интервенирале осум противпожарни возила.
Дел од против пожарните возилата во текот на ноќта пристапиле од околните ниви преку земјен пат.
Срѓан Стојанчов во живо се јави за Вестите на Телма во 12:30 часот.
