Бараме одговорност. Бараме вистина. Бараме правда за нашите деца. И ќе продолжиме да зборуваме се додека секој што со своето молчење придонел за оваа трагедија не биде изведен пред лицето на правдата„ порачаа родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кои денеска маршираа низ улиците во Кочани за да ги потсетат институциите дека пред шест месеци се случи најголемата трагедија во земјата. Се уште бараат одговори и одговорност зошто Кривичниот суд во Скопје не го почнал судскиот процес за 35 те обвинити, а ОЈО ГОК нема обвинителен предлог за 27-те полициски службеници.
„Знаеме кој ги отвори вратите на клубот, знаеме кој земал пари, и пуштал внатре двапати повеќе луѓе од дозволеното, знаеме кој ставил пиротехника во затворен простор. Тие се директните виновници. Тоа е криминал на човечки животи, но не застанува тука. Каде беа институциите? Каде беа инспекциите кои мораа да го затворат клубот уште пред да се отвори? Каде беа службениците кои требаше да го проверуваат секој чекор? Тие молчеа“, изјави Васка Лазарова, мајка на Андреј Лазаров.
„Нашите деца никогаш повеќе нема да се вратат, но вистината ќе ја урламе гласно. Дека Деко и Михаил се директно одговорни, а секој политичар што ги штител има крв на рацете. Бараме одговорност, бараме вистина, бараме правда, и ќе продолжиме да зборуваме се додека секој со своето дело не биде изведен пред лицето на правдата“, рече Светлана Стојанова.
Семејствата на загинатите млади луѓе и на овој Марш беа со транспраренти, а фотографиите од своите чеда ги гушкаа и потпираа на своите гради. На денешниот марш се обрати и бившата сопруга на полицаецот од Пробиштип.
Tаа бараа одговори зошто нејзиниот поранешен сопруг бил испратен од Пробиштип таа вечер во Кочани. Тврди дека пет месеци не можела да земе пензија од нејзиниот поранешен сопруг, кој е татко на нејзините две деца. Обвини и дека од страна на министерот и било ветено дека ќе биде вработена.
„Ми ветивте и работа и се во замена за него, а вие на негово место ја примивте сестра му на него. Пет месеци чекав за пензија, пет месеци документите се чувани во МВР Пробиштип. Пет месеци никој не ме праша како поминав досега. Никој! По кој основ Тоше е пратен во Кочани? По кој основ? Бил од 7ч. до 7ч. на работа, во 10 ч. да оди во Кочани на работа? По усно или писмено? По која наредба? Кој му ја дал таа наредба? Чекам одговор од министерот да ми одговори“ изјави бившата сопруга на починатиот полицаец од Пробиштип.
„Министре сега сакаме оставка од вас, на лагите секогаш и се кратки нозете, лагата секогаш излегува на виделина, по ова ако не си дадете оставка ние лично ќе дојдеме во Скопје, и лично ќе бараме оставка од вас“ рекоа во глас поранешната сопруга на полицаецот и мајката на загинатото чедо.
Според обвинителството причина за големиот пожар се пиротехнички матрејали кои го запалија дел од таванот на дискотеката. Во дискотекта имало околу 600 иако локалот имал капацитет за 250. Најголем дел од починатите се на возраст од 24 и 26 години. 31 од нив биле деца.
Викторија Димитрова Јованова
