Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов информираше дека „рано утрово пред 4.00 часот избил тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имало повеќе автомобили, масло и други запаливи предмети“.
Како што кажа Ангелов, „БППЗ Скопје веднаш излегла на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот е изгаснат пред 6.00 часот“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
