Вести Македонија Најважни

За една недела резултати од мерењата на Амбикон во Трубарево

Уредите на лабораторијата животна средина Амбикон од штипскиот Универзитет почнаа да го мерат воздухот во Трубарево околу фабриката за рециклирање на електронски отпад и пластика. 5 дена 24 часа на ден со два типа на уреди се собираат честички на филтри а потоа ќе бидат анализирани во лабораторија.

Прелиминарните резултати ќе се знаат за една недела. Ќе се анализираат 32 елементи од натриум до ураниум. За да се утврди колкава е зоната на контаминација потребни се дополнителни информации, но и истражување и на почвата и на водата смета ректорот Мираковски.

„Зоната на дисперзија е многу тешко да се оцени и зависи од количината и видот на материјалот што гори, какви се над атмосферските услови, генерално зависи од типот на пожарите но индикативно е тоа што го спомнаа единиците на АРМ што тестираа квалитетот на воздух, зоните радиусите не се екстремно големи, иако расфрлањето на честичките може да биде во екстремно голем радиус. Кога се расфрла во поголем радиус и концентрацијата се намалува. Јас искрено се надевам дека освен непосредната зона нема многу широко распространета контаминација но тоа мора да се докаже“, изјави проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД Штип.

При горење на литиумски батерии и пластика се формираат гасови и честички а дел од нив се многу токсични вели ректорот Мираковски но во конкретниот случај сè зависи од тоа е што точно горело – информација која тој во моментот ја нема.

Се очекува да бидат готови и резултатите од лабораторија Еуромак контрол која ги испитува мострите земени денот кога избувна пожарот во Трубарево.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе