Вести Македонија Најважни

Во петок резултати за тешки метали во воздухот по пожарот во Трубарево

Што дишеле жителите на Скопје во саботата по пожарот во отпадот во Трубарево и дали и колку имало честички на тешки метали во воздухот ќе се знае во петок. Засега нема информација ниту критичниот ден колку и каков отпад бил складиран во погонот за рециклажа на „Ф групација“ во Трубарево.

Она што е познато е дека во саботата имало зголемено количество на гасови во воздухот и дека квалитетот на воздухот константно се мери пред мерки станици кои се поставени во близина.На денешниот брифинг во министерството за животна средина надлежните повторија дека фирмата имала валидна лиценца и дозвола за работа а надзорите покажале дека ги исполнува законски пропишаните стандарди.

Во овој погон дневно можело да се складира 20 тони неопасен и 500 килограми опасен отпад односно литиумски батерии. Меѓутоа колкава количина имало во саботата во 13 часот кога избува пожарот надлежните не знаат. Додаваат дека фирмата водела дневна, неделна, месечна евиденција на влез и излез на отпад и дека редовно доставувала годишни извештаи. Во последните две години тие извезле 800 тони отпад во Хрватска и Бугарија кој не можел да биде рециклиран во Македонија.

Зголемено присуство на гасови во воздухот се регистрирани во саботата и делумно во неделата но клучното количината на честички на тешки метали кои чадот ги разнесе во воздухот над Скопје ќе се анализира до петок. Засега не се земени примероци од почвата бидејќи треба да заврши полицискиот увид.

Од ИЈЗ пак соопштија дека примероци на вода за пиење подигнати од Трубарево покажале дека нема присуство на тешки метали.

Сепак научната фела предупредува тие преставуваат сериозен ризик по здравјето на граѓаните, може да се задржат во почвата и да се пренесат преку подземни водии затоа треба да се земат примероци од почвата во неколку радиуси на оддалеченост во правец по кој се движеше чадот.

Од Државниот инспекторат соопштија дека во државата има околу 50 отпади за складирање и рециклирање но само 15 инспектори за животна средина кои во моментот работат на трите случаи во Скопје – Трубарево, Дрисла и Вардариште и дека во текот на неделата ќе направат вонреден надзор на сите капацитети.

Огнен Чанчаревиќ

За една недела резултати од мерењата на Амбикон во Трубарево

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе