Вести Македонија Најважни

(видео)Тошковски: Истрагата за пожарот во Трубарево ќе оди најдлабоко што може

Истрагата за пожарот во Трубарево ќе оди најдлабоко што може, уверува министерот за внатрешни работи, Тошковски.

Во меѓувреме, сѐ уште се чекаат првичните сознанија за причините за настанување на пожарот. А, покрај за конкретниот случај, првиот човек на полицијата ги повика сите институции – пред сѐ Министерството за животна средина и просторно планирање, да ги „прочешлаат“ сите одлагалишта за отпад, за да се види какви дозволи имаат и дали работат според закон.

Тошковски е дециден – ќе има пријави за секој докажан случај на еколошки криминал.

МВР има индиции дека центри на моќ делуваат во насока на создавање криза со пожарите, не може да се споделуваат детали во оваа фаза, рече Тошковски.

  • „За пожар од големи размери како тој во Трубарево, вели дека се потребни од 24 до 48 часа да поминат за да се создадат услови за увид на терен, а во насока на откривање на причините за настанување на пожарот“.

Тошковски најави дека се преземат превентивни мерки околу депониите, а покрај МВР, активности ќе преземе и АНБ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе