Вести Македонија Најважни

Краткотраен притвор за четворица осомничени за пожарот во Трубарево

Краткотраен притвор од 48 часа им е изречен на четворицата осомничени за пожарот во Трубарево во објектот за обработка на опасен отпад.

Станува збор за диркеторката на фирмата Ф-групација, Лора Дамеска, нејзиниот татко Марјанчо Дамески, кој раководи со две фирми кои се поврзани со групацијата, односно Нула отпад и Ле ман.

Другите двајца осомничени се раководителот на Ф-групацијата и еден вработен. Тие се товарат за загрозување на животната средина и природата со отпад.

Обвинителството во меѓувреме проверува каков и колку отпад имало во објектот кога избил пожарот.

Се истражува и потенцијалната одговорност и на други лица. Обвинителството притоа до МВР издало повеќе наредби за обезбедување на дополнителна документација и дозволите за работењето на Ф-групацијата и по кои во моментов се постапува.

  • „Сите оние дејствија што треба да ги преземе како Министерство за внатрешни работи, ќе ги преземеме и ве уверувам дека за секој еден за кој ќе има докази дека учествувал во ваков тип на криминал, којшто е поврзан со, слободно можам да кажам, еколошки криминал, и тоа како ќе следуваат соодветни дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи, а уверен сум дека во иста насока ќе продолжат и обвинителството и судот заради тоа што македонските граѓани залужуваат и безбедна и чиста Макеоднија во која што би живееле особено од еколошки аспект“, рече Тошковски.

Министерот Тошковски додаде дека истрагата ќе оди најдлабоко што може во однос на тоа дали фирмата ги исполнувала техничките услови за третирање на опасниот отпад, кој ја дал дозволата, дали има лиценца и дали биле запазени протипожарните стандарди.

Притоа повика и другите институции кои се поврзани со со еколошка заштита да се вклучат во преземање на сите нивни надлежни дејствија, бидејќи да работеле како што треба немало да дојде до пожарот.

А за точно да се утврдат причините за пожарот Тошковски посочи дека треба најпрвин да се направи увид на лице место. Но, согласно информациите што ги добил од експертите увид може да се направи најрано 24 часа по целосно гаснење на пожарот, а најдобро е по два дена.

Инаку Ф- групацијата е основана 1998 година. Од 2015 се бави со обработка и отстранување на опасен отпад. Претходно дејноста и била друго обновување на отпадот. Последната издадена дозвола на фирмата е од 2021 година со рок на траење од 10 години. Од 2021 година до 2023, имало инспекциски надзори кои не покажале никакви неправилности во работењето.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе