Вести Македонија Најважни

Избегнување активности на отворено и носење маски во областите кои се во непосредна близина на опожарените депонии, препораки на ИЈЗ

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат активности на отворено. Кога е неопходно движење на отворено во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски.

Ова се дел од препораките од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи.

Како што информира Министерството за здравство, во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари, како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот. Да се исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите.

Се препорачува редовно да се следат официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот.

Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група. Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н. погодени подрачја се додека не се добие официјална дозвола за пристап. Да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош, како и насоките за евентуална евакуација ако тие се препорачани од компетентна надлежна институција. Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедницата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Во продолжение ги пренесуваме во целост препораките на ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува:

– Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот;

– Да исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите;

– Редовно да ги следи официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот

– Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат каква било активност на отворено.

– При неопходна нужност за движење на отворено , во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски

– Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група;

– Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ги забележува овие симптоми да побара медицинска помош веднаш;

– Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н погодени подрачја сѐ додека не се добие официјална дозвола за пристап;

– Да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош, како и насоките за евентуална евакуација ако истата е препорачана од компетентна надлежна институција.

Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе