Вести Македонија Најважни

Директорот на Дрисла и одговорните лица на разговор во Полиција

Директорот на Дрисла, Самир Хусени е на разговор во полиција во врсска со пожарот со изби во депонијата, велат извори за Телма откако МВР отворило предмет против непознат сторител за предизвикување на општа опасност.

На разговор се повикани десетина лица вработени во депонијата кои ќе даваат исказ овие неколку дена со цел да се лоцира дали кај нив има одговорност или не за предизвикување на огенаната стихија.

Во моментов, како што брифираат изворите, никој од нив не е осомничен, а освен директорот, денеска викнати се и припадник на обезбедувањето и багерист, поради сомнежите дека багерите во депонијата биле расипани.

По претходно одземена документација во Дрисла од страна на полициски службеници од СВР Скопје,  во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Дрисла извршија службени разговори со вработените. Проверките продолжуваат и понатаму, соопштија од мвр.

Полицијата на лице место разговарала и со вработените лица од Дрисла и дента кога се случи пожарот кој предизвика речиси цело Скопје да е обвинео во чад и смрдеа.

Од денеска пак одговорните лица ќе даваат исказ во полиција за нивните сознанија што точно се случило на 9 септември во депонијата, која се наоѓа на околу 14 километри оддалеченост од главниот град.

Во меѓувреме полицијата привела и две лица, како што дознава Телма,  кои се соомничени дека предизвикале пожар на Вардариште. Тие на лице место биле забележани од пожарникарите кои ја алармирале полицијата.

Приведените ги имало и на снимки во близина на огнената стихија. Од пожарникарите биле фатени додека с еобидувале да го изгаснат пожарот.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе