Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ.
Со Комисијата треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи, според договорот што го постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши.
– Самите дојдоа до договор и јас го почитувам тоа, изјави вчера претседателот на Собранието на брифинг со новинарите.
По седницата, оние членови на Комисијата кои имаат безбедносни сертификати, ќе одат во надзорна посета на АНБ.
Седницата на Комисијата беше свикана на предлог на пратеникот Љупчо Пренџов откако во јавноста излезе информација дека АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, новинари и бизнисмени.
