Вести Македонија Најважни

Пратениците едногласно изглaсаа и отидоа да извршат надзор во АНБ

Пратениците едногласно изгласаа и заминаа во просториите на АНБ да извршат надзор и да откријат што кријат документите на тајната служба за следење на политичари, јавни и медиумски личности и други незаконски активности како што тврди актуелното раководство на АНБ. Но, уште веднаш членовите на комисијата за надзор на тајните служби се оградија дека нема да кажуваат ништо јавно без разлика што има во документите.

-Должна сум да ја известам јавноста дека заради класифицираните информации и доколку агенцијата како создавач на тие информации остане на ставот дека истите не треба да бидат декласифицирани во интерес на јавноста ние нема да можеме да споделиме детали од тоа што сме виделе во агенцијата, вели Петровска.

Петровска е единствен член од опозицијата кој замина во посета на тајната служба бидејќи останатите членови од опозицијата немаат одговор на барањата за да добијат сертификат за државна тајна и АНБ и ДБКИ не им одговараат подолго од крајниот законски рок од 6 месеци со што се крши законот.

-Конкретно јас пред повеќе од шест месеци имам поднесено барање за безбедносен сертификат државна тајна иако Законот за класифицирани информации децидно предвидува дека треба да добијам одговор во рок од шест месеци, јас немам добиено одговор на моето барање. Не знам дали тоа е можеби од некој политички реваншизам затоа што Левица прва го обелодени скандалот со дипломата на директорот на АНБ, па сега поради тоа јас не можам да ја вршам мојата пратеничка функција, истакна Мојсоска.

-Пред јавност тука, бесмислено е пратениците да немат сертификат, ниту членовите и замениците членови од минатото. Ова парламентарно мнозинство, носи многу закони тука јавно упатувам покана, пратениците по афтоматизам да имаат безбедносен сертификат и да имаат пристап до безбедносни класификации, изјави Блерим Беџети.

Пратениците од власта не одговорија на овие наводи поради што надзорот врз тајните служби е закочен и речиси без опозиција, но побараа и беше изгласано, наредниот ден по АНБ да се посети и Агенцијата за разузнавање.

-Имајки во предвид дека изминатиов период многу работи излегоа во јавноста, кои што ја сенизбилизираа ситуацијата, поврзани со нелегалното следење. Предлагам да го дополниме дневниот ред со уште една точка, носење на заклучок за посета и на агенцијата за разузнавање, предложи  Драган Ковачки. 

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе