Вести Македонија Најважни

Прекин на услугите на Гугл во Источна Европа предизвика проблеми за корисниците

Корисници од Македонија, Бугарија, Грција, Турција и други земји од Источна Европа, како и од САД, денеска пријавија масовен прекин на услугите на Гугл.

Проблемите се однесуваа на Јутјуб, Гугл мапи, пребарувачот на Гугл, Гмаил и Гугл Драјв, при што најчесто се појавуваше порака „5xx серверска грешка“, што укажува на проблеми на страната на Гугл.

Корисниците не можеа да вчитуваат видеа, да пребаруваат локации, да пристапат до е-пошта и документи, што предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневието. Проблемите први беа пријавени преку downdetector.com и социјалните мрежи.

Од Гугл сè уште нема официјална изјава за причината за прекинот, но дел од услугите веќе се стабилизираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе