Вести Македонија Најважни

Спасовски бара итна истрага за следењето, Реџепи одбива да свика комисиска седница

Итна декласификација на документите, истрага и одговорност бара поранешниот министер за внатрешни работи, кој е една од посочените жртви во најновата афера за незаконско следење од Агенцијата за национална безбедност од 2019 до 2024 година.

Оливер Спасовски, за кого има наводи дека бил следен и во период во кој беше на министерската функција, вели дека ова не е ништо ново, но еднаш засекогаш  мора да се застане на патот на злоупотребите и да се дојде до институционална разрешница.

Точно да се утврди дали биле отворени оперативни акции, зошто биле отворени и кон кого биле насочени, и да се утврди одговорност на тој што го правел тоа. Еднаш засекогаш ќе мора службата да биде во заштита на уставниот поредок, а не во служба на политички подметнувања и бизнис заедницата, а на тој начин да се кршат и човековите права, изјави Спасовски.

Бара и собраниската комисија за надзор над Агенцијата да си ја заврши работата и да не се бараат изговори. Истото денеска го побара и пратеникот Љупчо Пренџов, кој е и член на комисијата а кој, пак, го повика претседателот Скендер Реџепи од Европскиот фронт, да закаже итна седница и да се утврди какви мерки ќе се преземат за да се утврди вистината за случајот.

Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани.Овие случувања предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност, изјави Пренџов.

Реџепи нема намера да свика седница се’ додека лично не го добие безбедносниот сертификат кој го побарал од Агенцијата уште пред една година, а не добил никаков одговор.

Се додека сум јас председател и дискриминиран од власта, од службите, нема да повикам таков состанок. Бидејќи и моето присуство, кога би повикал состанок, јас не би можела да присуствувам во класифицирани информации таму кај што се оди. Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува во една таква Комисија или таков претрес во службите, рече Реџепи. Потсети дека, ако толку сакаат, седницата може да ја свика и  претседателот на Собранието, што еднаш веќе се случи годинава.

Од АНБ за Телма велат дека, документите ќе ги декласифицираат само по потреба на Обвинителството кому веќе му доставиле известување.

АНБ, во врска со сите информации кои се однесуваат на незаконско постапување, согласно со законските обврски, достави известување до надлежно Јавно обвинителство. Доколку за потребите на постапката пред надлежниот орган се јави потреба за декласификација на документ чиј создавач е Агенцијата, а е во врска со доставеното известување, АНБ ќе постапи во согласност со прописите кои ја регулираат предметната материја, велат од Агенцијата.

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека ќе го испитуваат случајот. Веќе бил оформен предмет за претходните наводи за следење на премиерот.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе