Вести Македонија Најважни

„Корумпираната држава ни ги украде децата“ порачаа родителите на загинатите на 20-тиот „Марш за ангелите“

Родителите испратија низа на трогателни пораки на денешниот 20-ти „Марш за ангелите“ во Кочани. Тие сметаат дека инволвираните се уште се во нивните канцеларии на работа во министерството за внатрешни работи.

„Постојат низа документирани сомнежи кои веќе беа изнесени во јавноста. Додека полициските службеници имале директни комуникации со сопственикот на „Пулс“ во критичната вечер, му оддавале службени информации за полициски акции, вклучително и предупредување за присуство на малолетници и дрога. Наместо овие лица веднаш да бидат ставени во притвор за да не влијаат врз истрагата и сведоците тие се третираат со канцелариски распити како привилегирани сведоци“ изјави родител на загинатото чедо во пожарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе