Со рафали од автоматска пушка денеска е убиен маж во Тетово, а неколку лица се повредени, меѓу кои и 13-годишно девојче. Убиството се случило во претсрелка која се одвивала по тетовските улици. Од снимките од местото на убиството се гледа дека авотмобилот марка „фолксфаген голф“’, во кој е пронајдено лице со прострелни рани, се наоѓа на улица и било во движење. Според неофицијалните информации на Телма, убиениот бил вработен во Јавното претпријатие „Градскиот паркинг – Тетово“.
МВР излезе со првични информации за убиството, поточно за вооружената пресметка, во која учествувале три возила.
„На крстосница од улица ,,Илинденска” со улица ,,Благоја Тоска” во Тетово се случила вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото. Едното возило се упатило кон улица ,,113″, а додека другото во непознат правец“, се наведува во соопштението од МВР.
Според очевидци, автомобилот „форд фиеста“ кој се уаптил кон улицата “113” било со тетовски таблички, сопственост на деветнаесет годишен жител од селото Гајре, тетовско, кои по проверката било утврдено дека се неважечки.
Третото возило, ,,фолксваген голф” во кој е пронајден убиениот, е исто така со тетовски таблички во сопственост на Ф.Р. (46) од Тетово, а кое било пронајдено на крстосницата на улицата ,,Благоја Тоска” со улица ,,107“.
Инаку убиството се случило во 12 часот и 30 минути при што во пукањето е повредено и 13 -годишно девојче кое случајно се нашло во близина. Девојчето се здобило со прострелна рана по што веднаш било пренесено во Клиничката Болница во Тетово.
Во претсрелката се повредени уште три лица од кои две со прострелни рани, кои поради тежината на повредите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Четвриот повреден 60-годишен тетовец, кој бил удрен од возилото на напаѓачите при нивното бегство, на булеварот „Илинденска“ на кружен тек во делот на градот познат како Блок 80.
Според првичните информации на Телма, во Клиничкиот центар во Скопје биле донесени четворица повредени по вооружениот напад во Тетово, од каде дополнително ќе излезат со информации за здравствената состојба на повредените.
Според неофицијални информации, најверојатно станува збор за убиство поврзано одмазда и нерасчистени односи.
Тамара Грнчароска
