Вести Македонија Топ вести

Не сум виновен, тврди Ангел Самараков, обезбедувачот на премиерот и обвинет за издавање службени полициски тајни на лице со 12-годишна затворска казна за убиство, кое е клучен сведок на обвинителството

Се изјасни дека не е виновен на првото рочиште на судењето. Ангел Самараков, полицаец кој во април кога беше уапсен беше и припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски- пред судот, заедно со својот адвокат пред судот ги отфрлија наводите на обвинението дека се обидел да предаде службени полициски тајни на друго лице, а за возврат преку колешка полицајка требало да добие 50 илјади евра. Обвинителството останува на обвинителниот акт.

-Материјалните докази, кога напоменувам, не станува збор за материјална документација туку станува збор за видео снимки на кои конкретно се гледа кои дејствија ги има преземено обвинетиот, а се опишани во диспозитивот на обвинителниот акт, изјави Ивана Трајчева, обвинителка во предметот за телохранителот на Мицкоски.

Одбраната пак тврди дека не станува збор за документи обележани како службени тајни и предложи 5-мина полициски службеници за сведоци, но најголем дел од нив не се прифатливи за обвинителството бидејќи не се во директна врска со делото за кое Самараков се гони.

Самараков ги дал документите на клучниот сведок Благоја Коруноски, тврди обвинителството. Но, одбраната откри и дека сведокот Коруноски имал пресуда од 12 години затвор за убиство во Прилеп извршено 2006-та и дека истиот сведок при бегство од затвор по слободен викенд бил фатен токму од сега обвинетиот полицаец Самараков.

Обвинителката во предметот посочи дека доказите се цврсти без разлика на заднината и биографијата и на одбраната и на сведокот.

-Видете, бекграундот без разлика дали на сведокот или на друго негово лице не значи дека Вие не може да му верувате воопшто во иднина или дека само треба да му верувате. Така, секој од нас си има некаква позадина. Во конкретниот случај, немам зошто односно обвинителството нема зошто да не му верува на сведокот бидејќи сето она што тој го кажува е документирано на видео запис. И тоа ќе се види пред судот бидејќи тие докази се предложени од страна на обвинителството, одговори Трајчева.

Клучно ќе биде соочувањето на обвинетиот Самараков и сведокот Коруноски кое треба да се случи на 14-ти август. Рочиштето беше одложено за тој датум поради проблеми со техниката за репродукција на видео докази.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе