Вести Македонија

Од 21 кандидат за судот во Стразбур, испаднале 9-мина при првата проверка

Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска во МНР го одржала вториот состанок на кој ги разгледала кандидатурите кои пристигнале во предвидениот рок.

Според сознанија на Телма, од 21 кандидат, 9-мина отпаднале бидејќи не ги исполниле критериумите и условите предвидени во Јавниот оглас, кои што се во согласност со насоките и стандардите од Советот на Европа. Останатите 12 кои ги исполниле условите во среда ќе бидат повикани на интервју, по што ќе следува изборот на тројца кандидати кои како предлог-листа ќе бидат доставени до владата.

Меѓу оние што не ги исполниле условите има и судии, обвинители, адвокати и правници по професија. Никој не кажува кои кандидати продолжуваат на интервју, а кои испаднале на конкурсот. Меѓу 21-те кандидати беа обвинителката Ленче Ристовска, судијките Оља Ристова, Габриела Гајдова и Едита Насковска, поранешниот претседател на ДИК, Александар Даштевски, адвокатите Тони Менкиновски, Валентин Пепељугоски, Ирена Ристиќ, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска и други правници.

Од МНР без детали за одлуката од состанокот, но во одговор за Телма потврдија дека ќе се одржат интервјуа со кандидатите во текот на оваа недела.

-Денес се одржа вториот состанок на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, а со цел прелиминарно разгледување на пристигнатите апликации, со цел утврдување на комплетноста и навременоста на поднесените апликации, односно исполнетоста на потребните формални критериуми и услови предвидени во Јавниот оглас, а согласно насоките и стандардите од Совет на Европа. Во текот на оваа недела, предвидено е одржување на интервјуа со кандидатите кои ја поминаа првичната фаза од процесот, ни одговорија од МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Igor Trajkov

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе