Вести Македонија Топ вести

Видеата од пожарот во Пулс влегуваат во обвинителското досие за трагедијата за Кочани

Чад метеж и повици за излегување. Ова може да се забележи на најновото видео од кобната ноќ во кочанската дискотека Пулс кое се појави во јавноста. Од обвинителството велат дека сите снимки поврзани со трагедијата од Кочани ќе бидат дел од доказниот материјал.

И оние од камерите од околините објекти и оние објавени на социјалните мрежи ќе се анализираат низ истрагата за лоцирање на причините и одговорноста за пожарот во кој животот го загубија 59 мина а над 190 беа повредени. Истражните дејствија продолжуваат и денеска но конкретните чекори на обвинителите не се објавуваат.

Изминатите денови се вршеа претреси во домот на Дејан Јованов Деко, неговиот автомобил и два угостителски објекти, дискотеката „Пулс“ и кафе барот Класик како и во канцеларија на Државен пазарен инспекторат во Кочани поврзани со документација за неговите фирми.

Истрагата стартуваше со 24 осомничени во притвор. Но кочанскиот суд за тројца ја променил мерката во куќен притвор, екс градоначалниците на Кочани Ратко Димитровски и Николче Илијев и  поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска. За неа обвинителството не се жали затоа што одбраната изнела нови околности и причини, а за Димтровски и Илијев има жалби. Од штипска апелација за утре најави одлуката дали ќе останат во притвор.

Од Кочанскиот суд денеска објавија соопштение со кое информираат дека 22 притворени се жалеле за притворот а за 19 мерката е потврдена. Од кои причини одлучиле да го сменат притворот со поблага мерка за градоначалниците не добивме конкретен одговор затоа што решенијата не биле правосилни.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000, четворица се хоспитализирани од кои едно дет

Sasko Dimovski

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Мицкоски за состојбата со водата за пиење во Гостивар: Oд градоначалникот, па надолу, сите треба да понесат одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе